Популарните музички светски ѕвезди Џенифер Лопез и Малума го објавија албумот „Marry Me“, како музика од истоимениот филм во кој и глумат. Издавач е „Сони мјузик“ од Њујорк, односно разгранокот „Сони латин мјузик/ Ариста“, соопшти дистрибутерот за регионот „Менарт“. Засега музиката од филмот ќе биде достапна на сите поважни дигитални сервиси, а дискот како физичко издание ќе биде во продажба во почетокот на март.