Анализата на НАТО за движењето на руските војници во близина на границата со Украина е погрешна, наведува денеска Кремљ, пренесе ДПА.
-Постојат проблеми во проценката на НАТО за ситуацијата – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно денеска изјави дека Алијансата „не видела деескалација на теренот“, и покрај најавите од Русија за повлекување на војниците стационирани во близина на украинската граница.