Наскоро во кината ќе можеме да го погледнеме филмот „Прекрасно момче“, инспиративна биографска драма.
Ова филмско остварување е базирано на содржината на популарните и доста продавани мемоари на таткото и синот Давид и Ниче Шеф, кои говорат за инспиративното и трогателно искуство на едно момче, кое со години се бори против својата зависност од дрога, со голема помош на семејството.
Драмата ја режираше Феликс ван Гронинген, кој го потпишува и сценариото,
заедно со Лук Дејвис.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Стив Карел и Тимоти Чаламет, кои ги играат таткото Давид и синот Ниче. Покрај нив, во филмот глумат и: Мојра Тини, Кристијан Конвери, Оукли Бул, Кетлин Девер, Еми Рајан и други.
Филмот „Прекрасно момче“ премиерно ќе биде прикажан на 12 октомври на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго, САД, а неколку дена подоцна ќе почне неговата дистрибуција во светските кина.