Студијата објавена во американскиот здравствен журнал „JAMA Интернал Медицине“ посочува дека возрасната популација треба да вежба по десет минути секој ден и дека тоа спречува над сто илјади смртни случаи годишно.
Доколку возрасните постари од 40 години вежбаат на дневна основа или вежбаат поинтензивно, според истражувањето објавено во студијата, само во САД би биле спречени околу 110.000 смртни случаи секоја година.
Доколку дополнителната активност се зголеми на 20 или 30 минути, бројот на спречени смртни случаи би бил уште поголем годишно.
– Сите знаеме дека вежбањето е добро за нас, истражувањата се дополнителен доказ на ниво на целата популација. Доколку возрасните постари од 40 години вежбаат малку повеќе секој ден, годишно би можеле да се спречат голем број смртни случаи – вели Педро Сент Морис, автор на студијата и епидемиолог од Националниот институт за рак.
Одење на отворено или трчање на лента за трчање е еден од најдобрите и најлесните начини за одржување на физичката активност.
Научниците ја издвојуваат јогата затоа што го ублажува стресот, а се препорачуваат и домашни вежби врз основа на сопствената телесна тежина, односно без употреба на тегови и опрема за вежбање.
Важно е да правите вежби кои ќе го активираат целото тело и сите мускули. Тоа може да бидат склекови, 10 до 25 сквотови, 20 до 40 сквотови и минута трчање на место.
Омилената музика може да се користи за мотивација, но и друштво на членовите на семејството. Научниците нагласуваат дека вежбите не мора да бидат тешки и исцрпувачки. Секој вид на вежбање е ефикасен и носи добро здравје за целиот организам.