РАКОМЕТ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

Франција, Данска и Шпанија се единствените репрезентации што по 1-то коло од втората фаза по групи имаат по четири бода и засега сигурно чекорат кон полуфиналето на Европското првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка, во кое се пласираат првите две селекции од двете групи, додека третопласираните ќе играат за петтата позиција. Во групата еден, Франција ја декласира Холандија, со 34-24, додека актуелниот светски првак Данска го совлада Исланд, со 28-24. Црна Гора продолжува со изненадувањата, па сега беше подобра и од Хрватска, со уверливи 32-26.
Во групата два, бранителот на европската титула, Шпанија, ја совлада Германија со 29-23, Шведска со ист резултат, 29-23, беше подобра од Русија, додека најмногу голови на ова ЕП во еден меч постигна Норвешка, која славеше со 42-31 против Полска. Засега без бодови во втората фаза во двете групи се Холандија, Хрватска и Полска.