Подвижниот лунапарк „Силвер“ деновиве е стациониран на улицата Волковска во Ѓорче Петров. Голем хидрауличен рингишпил на приколка, НЛО – летачки чинии, автодром-колички, мал рингишпил за деца, карусел, кран за мечиња, трамбулини се реквизитите што нудат забава за сите генерации.
– Инвестирањето во нови возила и реквизити е показател за успех на забавниот парк. Ние сме секогаш фокусирани кон проширување на бизнисот и следење на светските трендови во современост на реквизитите. Стручната екипа на лунапаркот „Силвер“ сама изработува дел од реквизитите, а исто така ги украсување и ги бојадисува. Некои од нив се увезени надвор од државата и произведени се од светски познати брендови.
Како најголем подвижен лунапарк во Македонија плановите ни се да го задржиме местото. Би биле среќни кога би имале подостапни и попристојни места во Скопје и во Македонија за позиционирање, на тој начин почесто би ја менувале локацијата и би биле подостапни за граѓаните – велат од лунапаркот „Силвер“.