НАТО-алијансата не е подготвена за Европа во 21-от век. Не затоа што така вели Владимир Путин вели така, туку бидејќи НАТО страда од сериозен недостаток во дизајнот – ширејќи се длабоко во лонецот на европската геополитика, веќе е преголем, лошо дефиниран и премногу провокативен за сопствено добро, пишува универзитетскиот професор Мајкл Кимиџ за „Форин аферс“, додавајќи дека основан во 1949 година за да ја заштити Западна Европа, НАТО првично претставуваше триумф.
– За да ја поедностави стратешката цел и да ги подобри одбранбените капацитети, НАТО треба јавно и експлицитно да се воздржи од додавање на нови членки. Алијансата треба јасно да истакне дека долгата фаза на експанзија е завршена. Ставајќи крај на политиката на „отворена врата“, колку и да е незгодно за спроведување, и реосмислувањето на безбедносната архитектура на Централна и Источна Европа не би било отстапување на Путин. Напротив, неопходно е за најуспешната алијанса на 20-от век да опстои и да просперира во 21-от – смета Кимиџ.
Универзитетскиот професор, сепак, нагласува дека прекинувањето на приемот на нови членки во НАТО нема да ги реши проблемите помеѓу САД и Русија.
Затворањето на отворената врата на НАТО нема да ги реши проблемите на Вашингтон со Русија. Овие проблеми ја надминуваат Алијансата. Но, ставајќи крај на експанзијата на НАТО ќе биде акт на самоодбрана за Алијансата, овозможувајќи ѝ придобивки, заклучува авторот.
Македонија е последната држава која влезе во НАТО на 27 март 2020 година.