Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа седмата редовна седница на која советниците ги усвоија Извештајот за работата на Советот за 2021 година и програмата за работа за 2022 година.

Со мнозинство гласови, се вели во информацијата од општината, се усвои и програмата за култура за 2022 година, како и одлуката за прифаќање на спонзорство на Општина Прилеп и предлог-одлуката за изменување и дополнување усогласување со Законот за рамномерен регионален развој.

Биле изгласани и одлуките за усвојување на финансискиот план и програмата за работа на ЈКП Пазари – Прилеп за 2022 година, финансиските планови на јавните уставови Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“, детските градинки „Наша иднина“, финансискиот план и програмата за реализација на дејности за 2022 година за Градската библиотека „Борка Талески“ и финансиските планови за сите основни и средни училишта вклучувајчи го и основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“.

Советниците ги поддржаа програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп за 2022 година, програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година, како и одлуката за давање на трајно користење на недвижен имот кој се наоѓа на КП 10029 КО Прилеп сопственост на ЕЛС – Општина Прилеп.

На оваа седница беа именувани членови на управни и училишни одбори во неколку институции.

Дневниот ред беше дополнет со уште три точки по што советниците ги усвоија одлуката за воведување на редовен линиски превоз на ЈП за ПУП на релација Прилеп-Подмол-Прилеп, два пати на ден, заклучокот за обезбедување на картирање на детален урбанистички план во УЕ 15 и решението за именување на претставник на Општина Прилеп во училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп. Ка.М.