Група љубители на ракометот од Битола заминаа за Дебрецен, Унгарија, да ја бодрат ракометната селекција на Македонија на првиот натпревар на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка, против селекцијата на Словенија.

Групата од 20-на навивачи кои се редовни поддржувачи на ракометната репрезентација на Македонија, за Унгарија заминаа со комбе и три патнички возила,
На ЕП во Унгарија и Словачка, Македонија ќе биде дел од групата А, во која прв противник ќе и биде селекцијата на Словенија (18 ч. – пренос на МТВ), а потоа следуваат дуелите со Црна Гора (сабота – 18 ч.) и Данска (понеделник – 20.30 ч. )

М.М