Денешниот состанок на Заедничкиот совет НАТО-Русија во Брисел, од разговори за Украина се претвориl во дискусија за распадот на Југославија.
Според неофицијални информации на хрватските медиуми, Русите го отвориле прашањето за распадот на Југославија со тврдењето дека НАТО ја разбиl Југославија со своите бомбардери, што според Русите е само еден во низата докази дека воената алијанса била агресивна во проширувањето на поранешните социјалистички држави.
На ваквите руски тврдења прв одговорил претставникот на Хрватска, амбасадорот Марио Нобило.
Средбата се одржала зад затворени врати, но за делот од разговорот со Русите, кој се однесувал на распадот на Југославија, јавно проговорил генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Новинарите на прес-конференција го прашале Столтенберг како тој одговори на тврдењата на Русија дека улогата на НАТО во Југославија и Либија е контроверзна.
Столтенберг потврдил дека за време на состанокот на Советот НАТО-Русија, претставниците на Хрватска, Словенија и Црна Гора зеле збор и разговарале за тоа што навистина се случило за време на распадот на Југославија, а што е спротивно на она што денеска го кажале Русите.
– Неколку сојузници кои беа дел од поранешна Југославија многу јасно кажаа дека Југославија не се распаднала поради НАТО, туку поради внатрешни причини, внатрешни конфликти. НАТО дојде подоцна, за да спречи злосторства, рече Столтенберг.
– Целата идеја дека НАТО е виновен за распадот на Југославија е погрешна. Требаше да се запрат злосторствата, прво во БиХ, а потоа и во Косово. Но, во тој момент Југославија веќе се распадна, додаде генералниот секретар на Алијансата.
Извори на хрватските медиуми наведуваат дека средбата на сојузниците од НАТО со Русите, веднаш по покренувањето на темата за распадот на Југославија, станала поемотивна и добила посилен тон. Наводно, Хрватите го смениле целиот тон на разговорот, сакале да нагласат дека Русија може да биде конструктивен играч во меѓународната безбедносна политика. Тие изјавиле дека за време на распадот на Југославија, Русија била конструктивна и активно соработувала со западните сили.
Акумулацијата на руски војници на руска територија во близина на границата со Украина сè уште ги остава сојузниците цврсто убедени дека Русија се подготвува за голема инвазија, па НАТО сака да види деескалација на руската страна.
И условите што Москва неодамна ги постави за НАТО, вклучително и писмени гаранции дека нема да има повеќе проширување на НАТО на исток и барање силите на НАТО да се повлечат на линиите од 1997 година, пред да се прошират во Централна и Источна Европа, за време на состанокот убедливо се отфрлени од сите триесет сојузнички земји.
Сојузниците ја потврдиле политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја нација да избира свои безбедносни аранжмани.
– Сојузниците јасно ставија до знаење дека нема да се откажат од нивната способност да се заштитат и бранат меѓусебно, вклучително и присуството на трупите на НАТО во источниот дел на алијансата, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференција по Совето