Во Куманово во организација на библиотеката “Тане Георгиевски”, во соработка со издавачката куќа ”Клуб Матица” од Скопје започна мини-саемот на книгата кој ќе трае се до недела.
На мини- саемот кој се одржува под мотото “Да за книгата – читај, патувај, откривај и истражувај“, во нареддните 5-6 дена љубителите на книгата и на пишаниот збор од Куманово ќе имаат можност да се снабдат со книги по промотивни цени. Со различна тематика од белетристика, психологија, историја и наука, кои ги нудат издавачките куќи “Клуб Матица“ од Скопје како и познатите издавачки куќи од Република Србија, Лагуна и Вулкан.
-Овој мини-саем на книгата го одржуваме традиционално секоја година, во пресрет на месецот на книгата кој се одржува кај нас во државата од 15 октомври до 15 ноември, на кој што ќе се одржи и традиционалниот ликовен и литературен натпревар како и прогласувањето на најдобар млад библиотекар од нашиот град. За идната недела планираме исто така нов саем на книгата, во соработка со нашата реномирана издавачка куќа “Просветно Дело” од Скопје. Со големата посетеност денеска, уште на првиот ден од мини-саемот граѓаните на Куманово покажаа дека се големи љубители на книгата и на пишаниот збор – истакна директорот на библиотеката, Марјан Петковски.
Т.Д.