Велика Британија
Пензионираниот маршал на британското воздухопловство, Едвард Стрингер, изјави дека сајбер-нападот врз Одбранбената академија на Велика Британија, кој се случи неодамна, предизвикал голема штета во безбедносниот систем на земјата. Според него, поради нападот, безбедносниот врв бил принуден да ја обнови својата мрежа и да направи нови безбедносни промени во Одбранбената академија, институција што претставува столб во заштитата од напади во интернет-сферата на земјата. Според тврдењата на пензионираниот маршал Стрингер, сѐ уште не се знае кој е одговорен за нападот.
Одбранбената академија, со седиште во Шривенхам во Оксфордшир, годишно ја посетуваат 28.000 припадници на армијата, дипломати и државни службеници. На мрежата на Академијата немало пробивање на чувствителните информации, но сепак степенот на нападот бил доста сериозен како никогаш досега.