Во Хрватска е потврден првиот случај на флурона, кога едно лице е заразено со ковид-19 и грип во исто време, потврди началникот на Службата за клиничка микробиологија, Јасмина Вранеш, за хрватскиот јавен сервис ХРТ.
Првиот случај на флурона е регистриран во Институтот за јавно здравје (НЗЈЗ) „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб.
Според информациите, станува збор за комбинација на грип и корона, а според информациите од Институтот се работи за вирусот на инфлуенца А, таканаречениот сој на свински грип Х3Н2.
Во таа институција, вчера биле регистрирани околу 50 отсто позитивни на ковид-19, што е многу повеќе од пред седум дена, кога имало 30 отсто позитивни примероци, рече Вранеш.
Таа додаде дека е реткост некој по третпат да заболи од корона, но дека има и двапати заразени иако се вакцинирани. Вранеш нагласи дека се следи состојбата со омикрон, кој многу полесно се шири, а инкубацијата е пократка од пет до седум дена, пренесе „Хина“.
Првиот светски случај на флурона е забележан минатата недела во Израел.