Вчера околу 16 часот на место викано „Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река бил пронајден починат маж О.Н. (67) од Прилеп.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.