Финалниот натпревар во работење со глината „џампинг клеј“ се одржа денес, под покровителство на „Колибри“.
Изработувајќи ги фигурите на зададена тема, младите креативци дадоа сè од себе и го покажаа сето свое знаење во техниката на „џампинг клеј“.
Сите изработки беа прекрасни, па на сертифицираниот инструктор Весна Георгиевска – Блажевска ѝ беше многу тешко да донесе одлука чија изработка е најдобра. Па затоа секое дете си отиде со подарок од „џампинг клеј“.
Фигурата на Филип Трпчевски беше технички најдобро направена, па согласно тоа, тој ја освои првата награда.