Во однос на инфлацијата, тој рече дека во наредниот период и во наредната година таа е во рамките на предвидувањата и е повисока од минатата година
Денарот е стабилен, а така и ќе остане, зашто стабилноста на валутата е во основата на нашиот економски модел.
Ова го порача министерот за финансии Фатмир Бесими, додавајќи дека покрај повисоката инфлација, вредноста на националната валута ќе остане стабилна, а гаранција за тоа е Народната банка и девизните резерви со кои располага.
– Девизниот курс на денарот е во исклучива ингеренции на НБМ, но како министер за финансии и како економист и теоретски познавач на оваа област, на граѓаните им соопштувам да сме многу внимателни во однос на коментарите и шпекулациите за девизниот курс-порача Бесими.
Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање дали повисоката инфлација може да ја загрози стабилноста на денарот, на прес конференција на која што тема беа измените во Царинскат тарифа.
– Имаме фиксен девизен курс, има доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема компромис. Значи, да нема никакви дилеми за стабилноста денарот-нагласи Бесими.
Во однос на инфлацијата, тој рече дека во наредниот период и во наредната година таа е во рамките на предвидувањата и е повисока од минатата година. Сепак, како што додаде, сите очекувања на светско ниво се дека во втората половина на 2022 година ќе се стабилизира.
– Инфлацијата и во нашите проекции од 2023 се сведува на два отсто-рече Бесими повторувајќи дека како држава располагаме со доволно девизни резерви, како и дека НБМ има доволно инструменти да го заштити денарот.