Играта „Грид леџендс“ пристигнува во февруари
Следната игра од серијата „Грид“, прва откако компанијата „Електроник артс“ ја купи „Коудмастерс“ претходно оваа година, доби официјален датум за лансирање. Играта наречена „Грид леџендс“ на Плејстејшн 4, Плејстејшн 5, Иксбокс уан, Иксбокс серија Х и С, како и на компјутер, пристигнува на 25 февруари следната година.
„Коудмастерс“ ја најави играта за време на настанот „ЕА плеј лајв“ во јули, а таа носи приказна инспирирана од документарната серија „Формула 1: возете за да преживеете“. Играчите ќе можат да возат повеќе од 100 автомобили и да се натпреваруваат на повеќе од 250 настани. Се вратија и режимите дрифт и елиминејшн, па играчите ќе можат да креираат трка и да користат нов режим наречен електрик буст. Играта исто така вклучува и поддршка за мултиплеер за меѓуплатформи, а „Коудмастерс“ известува дека играчите ќе можат да возат трки онлајн по „три брзи притискања на копчињата“. Ова значи дека акцијата ќе започне речиси веднаш откако играчот ќе избере трка.
„Грид леџендс“ се придружува на серијата нови игри што доаѓаат на пазарот во февруари. Ќе се појави истиот ден со „Елден ринг“, кратко по пристигнувањето на „Дајинг лајт 2“, „Хоризон: форбиден вест“, „Дестини 2: д вич квин“ и „Шифу“.