УТРЕ: АНАЛИЗА НА ЉУПЧО КОЦАРЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ

Во својата најнова анализа, со впечатлив наслов „Обвинувам“, академик Коцарев, во духот на писмото на Емил Зола, обвинува за велепредавство, за изневерување на македонските принципи, за плиткост, за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за немање осет за геополитичка стратегија, за работење против државните интереси.
Притоа, тој повикува да направиме сѐ да не згасне Македонија. Да не згасне Охридската книжевна школа формирана во 886 година! Да не згасне македонскиот духовен универзум, да не згаснат МАНУ, УКИМ и МПЦ! Ве повикувам да се обединиме!, пишува академик Коцарев