Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека се верува оти омикрон ќе продолжи да се развива, бидејќи пристигнуваат нови податоци за сојот.
Здравствената агенција при Обединетите нации соопшти и дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската Унија се регистрирани 212 случаи на омикрон, а тоа се претежно благи и асимптоматски случаи.
Европа бележи пад на бројот на заразени од ковид-19, објави денеска Светската здравствена организација за европскиот регион. Во претходните седум дена, бројот на нови случаи во Европа се намали за два отсто (2,6 милиони случаи), додека три отсто помалку пациенти починаа во споредба со претходната недела (29.000 луѓе).