Ајде да видиме…
Првиот лет на човекот е остварен со балон на загреан воздух, изработен од браќата Французи Жозеф и Етијен Монголфије, во Париз во 1783 година. Пилоти биле Пилатр де Розије и Маркиз де Арланд.
Првите летала потешки од воздухот биле едрилиците, кои во 19 век ги граделе и со нив летале пионерите во летањето, на пример Германецот Ото Лилентал. Во САД, двајцата браќа Орвил и Вилбур Рајт експериментирале со змејови и едрилици. Тие направиле повеќе од илјада пробни летови во своите едрилици и постепено го усовршувале нивното управување. Најпосле, на 17 декември 1903 година, тие изработиле аероплан со бензински мотор, кој го нарекле „Флаер 1“. Со него го направиле првиот лет на аероплан со мотор, над песочните дини во близината на местото Кити Хок во Северна Каролина, кој траел само 12 секунди.
Со авионот управувал Орвил, а Флаер прелетал само 36 метри – што е помалку од распонот на крилјата на повеќето современи мотори.
(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)