Размислете да исфрлите 50 калории или малку поинаков оброк. Користете ги овие лесни и научно засновани совети за исхраната, за да избегнете стотици калории и лесно да изгубите тежина
Иако обично си поставуваме тешки задачи во нашата исхрана и затоа најчесто ни е тешко да ги оствариме, постојат десет едноставни совети за исхрана што можете и треба да ги применувате. Вие само треба да ги „поделите“ овие цели во секојдневните навики. Размислете да исфрлите 50 калории или малку поинаков оброк. Користете ги овие лесни и научно засновани совети за исхраната, за да избегнете стотици калории и лесно да изгубите тежина.
Создадете убава атмосфера: Кога вложувате време во создавање одредена атмосфера, тоа може да го зголеми задоволството од оброкот, поради што најверојатно нема да се прејадете. Според едно истражување, луѓето што јаделе во опуштена средина со слабо светло и тивка музика јаделе 175 помалку калории по оброк отколку кога би биле во типичен амбиент во ресторани.
Изедете го овошјето цело: Истражувачите од „Харвард“ откриле дека замената на три чаши овошен сок неделно со три порции цело овошје е поврзана со 7 отсто намалување на ризикот од дијабетес тип 2.
Уживајте во грицки по вежбање: Истражувањата откриле дека жените и мажите со дијабетес тип 2 што вежбале шест минути трипати на ден, пред јадење, имале пониско ниво на шеќер во крвта по јадење отколку што било случај во почетниот тест. Ако земате грицки по вежбање, само проверете дали се со добар квалитет.
Користете помали чинии: Истражувачите откриле дека луѓето што добиваат поголеми чинии јаделе 16 отсто повеќе од оние на кои им биле дадени помали чинии. Искористете го овој едноставен совет за исхрана и применете го веднаш – уживајте во оброците од помалите чинии.
Исклучете ги сите уреди пред јадење: Одолејте на желбата да јадете и пиете додека гледате видеа или додека проверувате електронска пошта. Истражувачите објавија дека луѓето што јадат додека вниманието им е расеано, јадат 10 отсто повеќе во една порција отколку што инаку би јаделе.
Јадете пред да јадете: Предјадењето засновано на супа, чорба или дури и јаболка може да го намали вкупното внесување калории за време на оброк за дури 20 проценти, според неколку студии. Ако земете јаболко, нека биде црвено – истражувачите откриле дека е подобро за слабеење отколку зеленото.
Купувајте замрзната храна: Заштедете пари за вашите омилени производи од замрзнувачот, во текот на целата година! Истражувањата покажуваат дека замрзнатото овошје и зеленчук, собрани и подготвени во вистинско време, можат да бидат похранливи од свежите производи.
Зачинете го јадењето: Пиперинот, препознатлива состојка во црниот пипер, може да има голем потенцијал да се меша во формирањето нови масни клетки – тоа е адипогенеза, што резултира со ширење на половината, повисоки телесни масти и зголемено ниво на холестерол. Затоа, внимавајте кои зачини ќе ги одберете.
Само додадете цимет: Добри вести за љубителите на јаглехидрати. Серија студии покажаа дека додавањето лажичка цимет во оброкот со скроб (како што е овесната каша) всушност може да помогне во стабилизирање на шеќерот во крвта и намалување на скокот на инсулин.
Избегнувате да грицкате наутро: Една неодамнешна студија покажа дека луѓето што грицкаат претпладне, грицкаат почесто во текот на денот отколку оние што грицкаат напладне, што резултира со компромитирани напори за слабеење. Избегнувајте утрински грицки и дополнителни калории. „Нурнете“ во фиоката со закуски и слатки напладне, а потоа изберете квалитетни намирници и останете на вистинскиот пат.