Премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ), се откажуваат поради прогласените денови на жалост по сообраќајната несреќа во Бугарија.
Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември со почеток во 20 часот, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат – средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани.
МНТ изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.