Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги поздрави низата договори постигнати на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг, нарекувајќи ги „многу возбудливи“.
-Ким Џонг- ун се согласи за нуклеарна инспекција, која е предмет на завршните преговори, и трајно затворање на полигонот за нуклеарни тестирања во присуство на меѓународни експерти, напиша Трамп на Твитер, мислејќи на договорите кои севернокорејскиот лидер ги постигна во разговорите со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.
– Во меѓувреме нема да има ракетни, ниту нуклеарни експерименти, додаде Трамп.
Северна Кореја се согласи на трајно затворање на своите клучни ракетни објекти во присуство на странски стручни лица и подготвена е да го затвори својот главен нуклеарен комплекс ако САД преземат соодветни мерки, со кои за возврат би се наградил Северот.
Двете Кореји,исто така, се договорија заедно да се кандидираат за Летните олимписки игри во 2032 година.