Општина Кичево деновиве интензивно работи на поставување нова хоризонтална сообраќајна сигнализација на сите главни улици во градското подрачје.

За разлика од претходните сезони кога за поставување хоризонтална сигнализација на кичевските улици се ангажираа компании од други градови, претежно од главниот град, од летоска за овие потреби се екипира локалното комунално претпријатие, кое обезбеди опрема за редовно да го врши ова одбележување на градските сообраќајници.

-Нашето комунално претпријатие во целост ја превзема обврската за поставување хоризонтална сигнализација на сообраќајниците во градот. Така наместо по потреба да бидат ангажирани екипи од страна, сега ние ќе можеме во целост да одговориме на тековните обврски и градот да има секогаш свежо поставена хоризонтална сигнализација. Така деновиве го вршиме есенското поставување на хоризонтална сигнализација, што ќе овозможи поголема безбедност на учесниците во сообраќајот и пред се на пешаците. Затоа пред училиштата и градинките поставена е јасна сигнализација која ќе ги предупредува возачите да ја намалат брзината на своите возила, со цел за поголема безбедност на учениците и децата од градинките-информираа од комуналното претпријатие.

З.А.