„Екотип“ како компанија која се грижи за животната средина и за здравјето на своите корисници, вклучувајќи ги сите тенденции за здрав начин на живот, ќе биде дел од годинашниот „Хелт, Фитнес и Велнес Експо“, најголемиот интерактивен настан за здравје, фитнес и велнес, кој ќе се одржи на 22 – 23 септември 2018 на терените на „Работнички“ во Градскиот парк.
Стресниот и динамичeн начин на живот сé повеќе ја зголемува потребата за максимална грижа на здравјето на секоја индивидуа, а времето кое можеме да си го посветиме е сведено на минимално ниво.
Пиењето чиста вода и дишењето чист воздух се главните фактори за здрав живот. „Екотип“ им овозможува на своите корисници можност да ги задоволат основните потреби за чиста вода и квалитетен чист воздух преку производите од својата програма (која можете да ја погледнете на линкот) на наједноставен начин и што е уште поважно истите може да бидат поставени во секој домашен и деловен простор.
Со нови содржини, промоции, попусти, подароци и многу други изненадувања, „Екотип“ ќе им овозможи на посетителите тестирање и запознавање со бенефитите на сите нивни продукти. Ќе бидат презентирани новите нискокалорични пијалоци Инфјуз, кои имаат само 19 калории и 2 грама шеќер, со 4 вкуса; актуелните шишиња Ретап од боросиликатно стакло, чиј дизајн овозможува водата од чешма да се одржува чиста, безбедни се за користење и за одржување и имаат доживотна гаранција.
Од асортиманот на „Екотип“ ќе имате можност да ги запознаете и прочистувачите и филтрите за вода, кои нудат највисок квалитет на водата за пиење во секој простор, прочистувачите за воздух од линијата на Блу Ер, кои се идеално решение за дишење чист воздух во затворен простор.
Целата програма ќе биде достапна за посетителите по промотивни цени, со дополнителни попусти, подароци и многу други изненадувања.
Ги повикуваме сите заинтересирани да бидат дел од овој настан, да се запознаат со асортиманот на „Екотип“ и со сите услови што ги нудат за да го подобрат квалитетот на задоволувањето на основните потреби за живот на еден човек.