Во организација на домот на културата „Иван Мазов Климе“ денес и утре на музичката сцена „СИНО“ со почеток во 21 часот ќе се одржи меѓународен џез фестивал насловен како „Една ноќ џез Кавадарци“.
Настанот е во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2021“ во кој љубителите на џезот ќе имаат можност да проследат соло настап на Тони Китановски на гитара, потоа настап на„Тони Китановски трио“ (Тони Китановски – гитара, Оливер Јосифовски – бас гитара, Драган Тодосиев – тапани) и настап на „Пенац Кралев Трио“ (Пенац Кралев – бас гитара, Драган Теодосиев – тапани и Благој Глигоровски – гитара.
Концертот ќе се одвива според сите предвидени протоколи за ковид-19 со присуство на публика 50 осто од предвидениот простор. Ми.М.