„Франс прес“ оценува
Изненадувачката најава на Заев внесе нова неизвесност на балканската политичка сцена, каде автократите се познати по зацврстување на позициите на власта и каде доброволните оставки се реткост, оценува „Франс прес“ коментирајќи ја политичката ситуација во Македонија.
– Изненадувачката најава за оставката и лошите резултати на неговата партија СДСМ на изборите, дојдоа по неколкумесечен пад на популарноста на премиерот, додека тој се бореше да ја одржи во нормален тек економијата погодена од пандемијата и во услови кога преговорите за евентуално зачленување во ЕУ се во застој – се наведува во анализата.
Се посочува и дека политичките сојузници на Заев побарале тој да ја промени одлуката, потсетувајќи дека СДСМ и натаму има кревко мнозинство во парламентот.