Вицепремиерот за економски прашања, Никола Димитров, утре и задутре во Белград ќе учествува на иницијативата „Отворен Балкан“ наместо премиерот Зоран Заев.
– Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок во Белград на 3 и 4 ноември 2021 година (среда и четврток), на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува заменик-претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров – соопштија од кабинетот на Димитров.
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел-дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, а потоа ќе биде одржана и прес-конференција.
Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата. Заев се откажа од учеството поради оставката која ја поднесе во неделата.