Американската држава Оклахома по шестгодишна пауза продолжи да ја спроведува смртната казна со инјекција.
Затвореникот Џон Мерион Грант, осуден за убиство, бил убиен со инјекција во притвор во малиот град Мекалестер, објави затворскиот управник.
Грант е првиот осуденик во Оклахома кој бил погубен откако оваа практика била прекината во 2015 година, по неколку неуспешни инјекции, пишува локалниот весник Оклахоман.
Тој е погубен за злосторство во 1998. Грант избодел до смрт работник во затворската менза. Го избодел 16 пати.
Тој бил осуден на смрт во 1999 година.
Егзекуцијата е извршена по правна постапка во последен момент. Врховниот суд на САД во четвртокот пресуди дека тоа може да биде спроведено откако Грант и уште еден притвореник добиле привремено одложување поради жалба до Окружниот суд во Денвер.
Следните две егзекуции во Оклахома се закажани за 18 ноември и 9 декември.
Делови од САД ја укинаа смртната казна, но таа е на сила во 27 од 50 држави.
Низ светот смртната казна ја спроведуваат повеќе земји. Повеќето од овие казни се во Кина, која, според Амнести интернешнал, извршува повеќе од илјада егзекуции годишно.
САД минатата година егзекутирале седумнаесет затвореници.