Според американскиот генерал Џон Хитен
Прашање на време е кога кинескиот план за надминување на САД како најмоќна светска армија ќе стане реалност, истакна американскиот генерал Џон Хитен, нарекувајќи го неверојатен брзиот подем на кинеската армија.
– Темпото по кое се движат и траекторијата на која се наоѓаат, ќе ги надмине Русија и САД ако не сториме нешто за да ја промениме ситуацијата – категоричен е Хитен.
Во поглед на неодамнешниот тест на хиперсонична ракета што го спроведе Кина, генералот наведе дека американскиот напредок страда од „бруталната“ бирократија. Хитен го посочи развојот на хиперсонични оружја за да ја потенцира очигледната разлика во пристапите на САД и на Кина. Тој рече дека САД спровеле девет хипорсонични тестирања во изминатите пет години, додека Кина извршила стотици.
Хитен кој ќе се пензионира следниот месец, имаше порака и за неговиот наследник кој се уште не е именуван, советувајќи го да се фокусира на брзината, односно на враќањето на брзината во процесот на Пентагон.