Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските медиуми.
Ејмс беше избоден неколку пати за време на неговиот говор на состанокот на локалниот одбор. Ејмс го претставува Западен Саутенд, во Есекс, и беше нападнат во методистичка црква во Ли-он-Си.
Британската полиција соопшти дека е уапсен човек кој го нападнал Ејмс, додавајќи дека тие не бараат други осомничени, пренесе „Ројтерс“.