Помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел пристигна во Скопје.
Мичел ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите се пораките кои се очекуваат да ги пренесе американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.