Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” го одбра филмот „Сестри“ во
режија на Дина Дума, за 2022 година.
Одлуката ја донесе Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ – Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели – актер.
Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.
Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.