Шеесет и двегодишен жител на с. Барешани, битолско, паднал од објект во изградба и починал. Несреќата се случила вчера на ул. „Крушевска Република“ во Битола, додека изведувал градежни работи.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено во судска медицина за обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор.