Утре ќе биде објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК „Битола“ и за продолжување на работењето на РЕК „Осломеј“. Ова го истакна претседателот на управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Тој вели дека АД ЕСМ будно ги следи движењата на пазарот на електрична енергија, каде во изминатите осум месеци се бележи енормен раст на цената на електричната енергија.
– Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија, ние имаме стабилно производство и ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почуствува ценовен шок кај граѓаните. Но, за стабилен електро-енергетски систем потребно е да се произведе дополнително количество електрична енергија, и за истото е потребен засилен ископ на јаглен во РЕК „Битола“, како и набавка на јаглен на меѓународен јавен повик – вели Ковачевски.
АД ЕСМ, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што во текот на Со оваа произведена енергија, Ковачевски верува дека ќе се зацврсти електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, ќе бидат продадени на слободниот пазар и со тоа ќе се оствари приход за компанијата и за државата. М.М.