310 возачи се казнети за брзо возење по вчерашната акциска контрола од страна на МВР на територијата на државата. Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.
Од МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.брзо возење,