Кање Вест на социјалните мрежи објави нова колекција облека во чест на издавањето на новиот албум „Donda“, а со натписите на одредени парчиња ја најави кандидатурата за претседател на САД. Новата колекција ја осмисли модната куќа „Баленсијага“,а содржи маица, на која е напишана 2014 година, со фотографија на куќата на Донда Вест (мајката на Кање), фантомка и качкет. Цените се движат од 60 до 200 долари.
Лани во ноeмври раперот на Твитер напиша „Кање 2024“, со што ја навести кандидатурата за претседател на САД. Тој веќе еднаш се кандидира за оваа позиција и успеа да освои само 60.000 гласа.
Албумот „Donda“ за кратко време стана најслушан на сите стриминг-сервиси. Меѓутоа, Кање изјави дека музичката корпорација „Јуниверзал мјузик груп“ го објавила албумот без негова дозвола. Од корпорацијата порачаа дека оваа негова изјава е бесмислена.