Место за двајца ученици: едноставно и чисто – кревет на кат, а отспротива двојно биро со два стола. А можете да ставите и некоја табуретка со двојна намена: простор за седење и за складирање.
Природна светлина: освен што децата го добиваат потребниот витамин Д, природната светлина е оптимистичка и не ги расипува детските очи. Ставете го детското биро покрај прозорецот и привлечете го вниманието на детето да ја заврши домашната задача во текот на денот.
Организирани додатоци за учење: многу полесно ќе му биде на детето да научи ако знае каде му стојат сите работи.
Создајте работна средина дома: во ова неизвесно време, кога не знаеме дали децата ќе ги следат часовите преку компјутер или на училиште, добро е да се создаде работна атмосфера дома. Детето нека има катче што личи на училиште: табла, маса и удобен стол, како и полица со многу книги.
Облека на дофат: за детето е најлесно да се подготви ако неговата облека е убаво средена и организирана. Затоа, не трошете часови, туку уредете го плакарот на вашето дете со кошници во кои одделно ќе стојат чорапи, долна облека, капи и сл. Никогаш не чувајте повеќе од 10 маици, 10 пара панталони итн. Премногу облека само ќе го збуни детето.