Изложба на ликовната умeтница Маријета Сидовски под наслов „За тебе љубов моја“ ќе биде отворена во Галеријата на Македонскиот центар во Њујорк денеска, каде што ќе бидат презентирани 45 нејзини дела, циклус цртежи, колажи на хартија.
– Творештвото на Маријета Сидовски е зрело и инвентивно. Таа го поетизира животот, подвлекувајќи ги неговите онтолошки и метафизички квалитети. Љубовта е основна водилка и оттука доаѓа поетичноста, која зрачи од нејзините слики преку суптилно одбрани елементи или цитати – вели меѓу другото во каталогот, Климе Коробар.