Британија побара Советот за безбедност на Обединетите нации утре да одржи седница за случајот со труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Британија денеска обвини две лица за кои тврди дека биле членови на руското воено разузнавање, дека го извршиле обидот за атентат во март во британскиот град Солсбери, во кој Сергеј и Јулија Скрипал беа тешко повредени, а едно лица подоцна почина од дополнително труење.
Британија планира да ги информира другите постојани членки на Советот за безбедност за нејзините сознија во случајот Скрипал. Британските обвинители денеска ги именуваа двајцата наводни атентатори како Александар Петров и Руслан Боширов, а Кремљ одговори дека овие имиња не им значат ништо на руските безбедносни служби.