Животни

Германското засолниште за животни се обидува со нов пристап во наоѓањето домови за напуштени миленичиња, правејќи профили за нив во апликацијата за состанување Тиндер, со надеж дека осамените луѓе што бараат љубов, исто така, можат да бидат задоволни со друштвото на некоја мачка или куче.
Минхенската асоцијација за заштита на животните ангажира рекламна агенција за да направи професионални фотографии од 15 животни, меѓу кои и црно-белата мачка наречена Капетан Кирк, која ја објавија на Тиндер.
Џилијан Мос од засолништето за животни рече дека неколку луѓе веќе реагирале на социјалната мрежа за да го закажат својот прв „состанок“.
Откако блокадите воведени за коронавирусот доведоа до зголемување на сопственоста над домашни миленичиња, експертите за благосостојба на животните предупредуваат дека многу животни може да бидат напуштени како што пандемијата се приближува кон својот крај.
– Се надеваме дека овие животни навистина ќе најдат нов партнер, чиста врска на долг рок, а не само за неколку недели. Не само што има осамени души меѓу луѓето туку има и многу осамени души меѓу животните – вели Бенџамин Бејлке, кој ја координира комуникацијата на Тиндер.