Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од УХМР.
Од таму додаваат дека ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови од земјава ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 37 степени.
Следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.