Девет тима од петте најсилни домашни фудбалски првенства во Европа (Англија, Германија, Шпанија, Италија и Франција) сезоната ја почнаа без загубен бод.
Од екипите што одиграа по четири кола во новата сезона, најубедлив е Пари сен Жермен, со гол-разлика 13-4, во француското првенство, пред Ливерпул со 9-1, Челси со 10-3 и најголемото изненадување сезонава Вотфорд со 9-3 во Премиер-лигата на Англија.
Три победи по три кола во Италија има Јувентус (7-3), а во Шпанија водечката Барселона (12-2) и европскиот првак Реал Мадрид (10-2). По двапати победија Баерн (6-1) и Волфсбург (5-2), по двете кола во Германија.
Од деветте тима, шест треба да играат сезонава во Лигата на шампионите (Пари сен Жермен, Ливерпул, Реал Мадрид, Јувентус, Баерн и Барселона), еден треба да настапи во Лига Европа (Челси) и два само на домашната сцена (Волфсбург и Вотфорд).