Македонскиот кандидат за престижната Толстоева награда за книжевност во категоријата на странска книжевност(со уште 34 светски познати писатели) Венко Андоновски, ќе има свое претставување на претстојниот Саем на книгата во Москва со книгата „Азбука на непослушните“ (преведена на руски од Олга Панкина).

На 8 и 9 септември, во Јаснаја Полјана е предвиден и негов книжевен портрет, на кој ќе говори Евгениј Водолазгин, истакнат современ руски прозаист, кој и го номинираше романот „папокот на светот“ за престижната светска награда.

Со номинацијата, Андоновски е еден од двајцата писатели од сите словенски книжевности(покрај Драго Јанчар од Словенија), кој се најде во друштво на пославни светски конкуренти: Каѕуо Исигуро и Јан Мекјуан од Велика Британија, Тони Морисон и Мајкл канингем од САД, Џонатан Литл од Франција, Амос Оз од Израел, Маргарет Етвуд од Канада, неколку важни автори од Германија и од многу поголеми јазични средини.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен во октомври.