Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, ќе се кандидира за уште еден мандат на локалните избори на 17 октомври, објави Артан Груби од ДУИ. Според него, Мерко е добар градоначалник и е убеден дека тој повторно ќе победи.
– Рамиз Мерко е добар градоачалник и за Македонците, и за Албанците, и за Турците и за Ромите. Тој ќе биде новиот кандидат за уште еден мандат за Струга за локалните избори на 17 октомври. Убедени сме дека Рамиз Мерко ќе победи и дека ќе продолжи успешното менаџирање со општината – рече Груби.
Тој вели дека Мерко го заслужил мандатот со работа.
– Нема булевар, нема улица каде не се работи, се инвестира многу во Струга и сметам дека апсолутното мнозинство на стружани ќе го поддржат Рамиз Мерко, не само Албанците, туку и Македонците и другите заедници – рече Груби.
Во врска со кривичните пријави против Мерко, Груби вели дека тие не значат дека Мерко е виновен.
– Пријави има против премиер, против други политичари. Не значи дека е виновна личноста, туку напротив ние сме јавни личности и сме на тапет – рече Груби.