Мачу Пикчу, древниот град на Инките од 15 век, во источната Кордилера, во јужниот дел на Перу, бил населен со децении порано отколку што првично се верувало, велат истражувачите.
Според соопштението за јавноста издадено од универзитетот „Јејл“, тим предводен од археологот Ричард Бургер и истражувачи од неколку други американски институции користеле напреден метод на радиојаглеродно датирање, наречен акцелераторна масена спектрометрија на до денес пронајдени човечки остатоци што датираат од раните 1900-ти години. Наодите се објавени во списанието „Антиквит“.
Истражувањата сугерираат дека античкиот град се користел децении порано отколку што првично се мислеше, односно во периодот од 1420 до 1530 година, се наведува во соопштението.
Врз основа на историски документи, научниците претходно верувале дека Мачу Пикчу е изграден помеѓу 1440 и 1450 година.
– Досега, процените за антиката на Мачу Пикчу и должината на неговата окупација се базираа на контрадикторни историски извештаи напишани од Шпанците во периодот по шпанското освојување – рече Бургер.
Тој додаде дека ова е прво истражување засновано на научни докази, кои обезбедуваат процена за основањето на Мачу Пикчу и времетраењето на неговата окупација, давајќи им појасна слика за потеклото и историјата на локацијата.