Женската фудбалска репрезентација на САД, која како селектор ја предводи Македонецот Влатко Андоновски, го освои бронзениот медал на олимпискиот турнир во Токио.
САД, во спектакуларен натпревар, ја победија Австралија со 4-3. Малото финале го обележа репрезентативката на САД, Меган Рапино, која постигна два спектакуларни гола во првото полувреме.
Рапино, во осмата минута, постигна гол директно од корнер, а откако Кери израмни во 17-та минута, со волеј во 21-та минута повторно донесе предност за САД.
Во финалето на олимпискиот турнир утре ќе играат Шведска и Канада.