Три српски и два македонски хеликоптери полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој на социјалните мрежи објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион.
– По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар – напиша Ангелов.
Директорот на ЦУК кој се ноѓа во еден од хеликоптерите, најави дека ќе се обиде да се вклучи во живо на Фејсбук за да овозможи следење на процесот на гаснење од воздух, но во меѓувреме објави и дека поради безбедносни причини и протоколи нема да може да се вклучи во живо. Тој додаде дека хеликоптерите започнале со гаснење на огнот.