Двете лица што вчера беа избодени во централната железничка станица во Амстердам се американски државјани, изјави амбасадрот на САД во Холандија Пит Хокстра. Се работи за двајца туристи кои ја посетувале холандската метропола кога ги нападнал 19-годишен Авганистанец кој што поседувал германска дозвола за престој.

Полицијата отвори оган врз напаѓачот и го рани, откако тој ги избоде Американците. И туристите и напаѓачот се хоспитализирани. Холандската полиција информираше дека сите можности за причините за нападот се отворени, вклучително и тероризмот како мотивација.