Меланија Атанасовска со грлото Влеут од коњичкиот клуб Процес и Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од клубот Бравадос освоија по две први места на меѓународниот дводневен турнир во Нови Сад, Србија (12-13 јуни), во рамки на меѓународниот дводневен турнир – првенство на Војводина во рамки на кој се одржаа осум различни натпревари во прескокнување пречки.
Атанасовска имаше и две втори места.
КК процес од Нови Сад продолжи во Софија, Бугарија, на натпревар организиран од светска коњичка федерација(од 17 до 20 јуни) каде што Меланија Атанасовска се пласираше на 5-то и на 12-то место во конкуренција со 70 грла. КК Бравадос, пак, продолжија во Виена на австриското национално првенство (25-27 јуни) каде што
Ева Димитриевска со Ерос четири пати беше во пласман, забележувајќи едно прво место.
Петар Милошески со грлото Надја и Љупка Аврамовиќ со Колпо Гросо во пласман го делеа првото место со уште неколку натпреварувачи во два натпревара, додека Зоран Јовановиќ сите три дена беше прв со Маестро во натпреварот за млади четиригодишни коњи.
Изминатиов викенд (17-18 јули) тие беа во Загреб, на тридневен турнир во КК Еваго.
Пласман – Нови Сад
– Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од КК Бравадос – 2 први места
– Меланија Атанасовска со грлата Калатус и Влеут од КК Процес – 2 први и 2 втори места
– Петар Милошески со грлото Колдплеј од КК Бравадос – 1 пласман (делеше прво место со неколку натпреварувачи)
– Ветон Куртај со грлото Делано Лева од КК Процес – 1 четврто место во натпревар со бараж
Пласман – Загреб
– Ветон Куртај со Делано Лева од КК Процес освои едно 1 место
– Меланија Атанасовска со Влеут од КК Процес едно 5 место
– Сара Блажевска со Калатус од КК Процес се пласираше меѓу првите 10
– Петар Милошески со Надја од КК Бравадос едно 3 место и два пласмана
– Љупка Аврамовиќ со Колпо Гросо од КК Бравадос две 2 места
– Зоран Јовановиќ со Маестро од КК Бравадос два пласмани, а со Страординариа едно 3 и едно 4 место